Centar.mk
СВЕТ

Блумберг: Иран уништил американски радар за системот THAAD вреден 300 милиони долари

Иран уништил клучен американски радар вреден околу 300 милиони долари, важен за насочување на американските противракетни системи во Заливот, објави „Блумберг“.

Според американски функционер, радарот и придружната опрема биле уништени во воздушната база Мувафак Салти во Јордан во првите денови од војната. За нападот претходно извести и Си-Ен-Ен врз основа на комерцијални сателитски снимки.

Станува збор за радар AN/TPY-2, кој се користи во рамки на американскиот противракетен систем THAAD.

„Да беше успешен, иранскиот напад врз радарот THAAD би бил еден од најзначајните ирански напади досега“, изјави Рајан Бробст од Фондацијата за одбрана на демокрациите.

Според податоци на Центарот за стратешки и меѓународни студии, САД имаат осум системи THAAD во светот, а само радарот на секоја батерија вреди околу 300 милиони долари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Со вперени пушки израелската војска приведе екипа на Си-Ен-Ен

C +

Чешка вели дека нема пари за одбрана за да ја исполни целта на НАТО

C +

Трамп: Зошто би биле ние тука за НАТО, ако тие не беа тука за нас

C +