Речиси 200 деца се убиени низ Блискиот Исток од саботата, од првиот американско-израелски напад врз Иран, соопшти УНИЦЕФ.
Најмалку 181 дете се убиени во Иран, седум во Либан, три во Израел и едно во Кувајт, според неговите податоци.
„Децата не започнуваат војни, но плаќаат неприфатливо висока цена за нив. Воената ескалација низ Блискиот Исток веќе има разорно влијание врз децата“, соопшти УНИЦЕФ.
Напад врз училиште во Иран
За време на првиот ден од нападите на САД и Израел врз Иран, беше погодено училиште за девојчиња во Минаб во јужен Иран, при што загинаа најмалку 175 ученички, според Иранската револуционерна гарда.
Нападот се случи во саботата откако САД и Израел најавија заеднички напади врз Иран.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ги обвини САД и Израел за убиството на ученичките.
„Ова се гробови што се копаат за повеќе од 160 невини девојчиња убиени во американско-израелското бомбардирање на основно училиште. Нивните тела се распарчени“, напиша Аракчи на социјалната мрежа Икс, заедно со слика од свежо ископани гробови.
Израелската војска тврди дека не е запознаена со никакви израелски или американски напади во областа, додека САД најавија истрага, тврдејќи дека тие се насочени исклучиво кон воени цели./Извор:Makfax


