Centar.mk
СВЕТ

Трамп тврди дека Американците го поддржуваат нападот врз Иран, анкетите покажуваат спротивно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека граѓаните силно го поддржуваат нападот на САД врз Иран, иако најновата анкета покажува дека повеќето гласачи не одобруваат воена акција.

Во интервју за Политико, Трамп рече дека реакцијата на јавноста на потезите на САД против Иран е многу позитивна.

„На луѓето им се допаѓа она што се случува. Ние отстрануваме закана за Соединетите Американски Држави, голема закана… и го правиме тоа на начин што никој досега не го видел“, рече Трамп.

Но, анкетата објавена од NBC News покажува поинаква слика за расположението на американските гласачи.

Според анкетата, 45 проценти од испитаниците не го одобруваат начинот на кој Трамп ја води политиката кон Иран, додека 41 процент го поддржуваат неговиот пристап.

Повеќето испитаници, исто така, се противат на воената акција. 52 проценти веруваат дека Соединетите Држави не требало да го започнат нападот, додека 41 процент сметаат дека воената операција била оправдана./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Со вперени пушки израелската војска приведе екипа на Си-Ен-Ен

C +

Чешка вели дека нема пари за одбрана за да ја исполни целта на НАТО

C +

Трамп: Зошто би биле ние тука за НАТО, ако тие не беа тука за нас

C +