Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Израел: Уништивме околу 300 ирански ракетни лансери

Израелската војска вчера објави дека уништила околу 300 ирански ракетни лансери од почетокот на сегашниот бран напади врз Иран.

Портпаролот на израелската војска, Надав Шошани, изјави дека операциите насочени кон ракетни лансери и ракетни залихи значително придонеле за намалување на бројот на ракети испукани дневно од Иран.

Израел, исто така, вчера се соочи со неколку предупредувања за ракетни напади. Според Шошани, Иран сега понекогаш испукува само поединечни ракети кон Израел, наместо повеќе одеднаш.

Во саботата, кога Израел и САД започнаа со напади врз цели во Иран, „многу десетици“ ракети беа испукани од Иран кон Израел, рече тој.

Вкупно, Иран досега испукал „неколку стотици“ ракети низ регионот, според воениот портпарол.

Шошани веќе во вторникот изјави дека иранската моќ слабее.

Израелската војска, исто така, за прв пат од почетокот на кампањата објави дека погодила „воени цели“ во градовите Исфахан и Шираз, вклучувајќи ги и ракетните складишта./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп има нападнато најмногу земји од кој било друг претседател на САД

C +

Италија планира да испрати помош за воздушна одбрана до земјите од Персискиот Залив

C +

Иран: Турција е пријателска земја, не лансиравме ракета кон неа

C +