Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

„Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој што не ги гледа придобивките од системот Безбеден град. Го нема веќе дивеењето по улиците, ги нема ненормалните брзини, и тоа се гледа. Ја нема таа нетрпеливост. Бројките на сообраќајните незгоди се намалуваат, бројките на повредени лица се намалуваат, целта која сакавме да ја постигнеме и тоа како има одѕив од јавноста“, истакна меѓу другото министерот за внатрешмни работи Панче Тошковски во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.

Министерот Тошковски посочи дека сите што живееме во Македонија, особено граѓаните во рамки на Скопје, Куманово и Тетово докажавме дека можеме поинаку и дека можеме навистина да ја реализираме онаа европска вредност со европски проект во Македонија.

„Во тест периодот почнавме со констатирана бројка на прекршоци од над 100.000, имаше и деновиви кога бројката беше над 120.000. Денес имаме бројка на прекршоци која се движи околу 500, 600, 700 некој ден 800, но тоа е далеку драстично помала бројка на прекршоци од претходно. Овие прекршоци кои ги констатираме се недозволена брзина, минување на црвено светло и управување на моторно возило кое не е регистрирано. Тие прекршоци ги констатира моментално системот. Во иднина ќе констатираме и погрешно запирање и паркирање и тоа ќе биде констатирано како прекршок од страна на овие паметни камери“, појасни министерот, дополнувајќи дека не беше целта да се полни буџетот на државата туку да се спаси еден човечки живот повеќе.

„Овој проект сум сигурен дека не само што ќе го среди хаосот туку ќе ни даде надеж дека навистина Македонија со напорна работа, посветеност, заеднички сите граѓани можеме да ја направиме да е многу поубаво место за живеење. Во рамките на Скопје е во фаза на имплементација паметен зелен бран, кој со неговата целосна имплементарција, проточноста на сообраќајот треба да се зголеми, односно да имаме околу 30% побрза проточност на возила, кога овој паметен зелен систем ќе биде имплементиран. Станува збор за систем со кој ќе бидат опфатени сите булевари во рамки на градот Скопје, со што и тоа како ќе се подобри проточноста на возилата. Интензивно се работи на имплементирање на ова решение“, дециден беше министерот Тошковски, дополнувајќи дека истражувањата за тајмерите на семафорите и искуствата покажале дека тие се повеќе штетни отколку корисни.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење во земјава

C +