Centar.mk
СВЕТ

Иран со предупредување дека американските воени средства ќе бидат „легитимна цел“, доколку САД ги спроведат воените закани

Иран предупреди дека американските бази, објекти и воени средства ќе бидат „легитимни цели“ доколку САД ги спроведат своите воени закани и напади.

Амир Саид Иравани, амбасадорот на Иран во Обединетите нации, ги изрази овие закани во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателот на Советот за безбедност.

Според написите, претседателот Доналд Трамп распореди воени бродови, борбени авиони и друга воена опрема на Блискиот Исток, додека се обидува да го спречи Иран да изгради нуклеарна бомба, нешто што Техеран го негира.

Во писмото, како што наведува медиумот, се цитира објавата на Трамп на социјалните мрежи кога тој рече дека САД можеби ќе мора да користат британски воени бази, вклучително и една на остров во Индискиот Океан, „доколку Иран одлучи да не склучи договор“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АЛБАНИЈА ДЕМАНТИРА ДЕКА ОД НЕЈЗИНА ТЕРИТОРИЈА БИЛЕ ЛАНСИРАНИ УКРАИНСКИ ДРОНОВИ – Тирана со официјална реакција

ДЕСК

НАТО ГИ ОТФРЛА РУСКИТЕ БАРАЊА ЗА ВРАЌАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ОД 1997 ГОДИНА – Руте со јасна порака

ДЕСК

УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА ПОТОПИЛА РУСКИ ВОЕН БРОД КАЈ ЛИБИЈА – Зеленски соопшти за напад со седум поморски дронови

ДЕСК