Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

ЕВН Македонија донираше модерно опремена просторија за учениците од дуално електротехничко образование во СЕТУ „Михајло Пупин“

ЕВН Македонија официјално ја предаде во употреба реконструираната и целосно опремена просторија наменета за безбедно чување на личната заштитна опрема на учениците кои следат дуално електротехничко образование во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје.

Раководителот на Одделот за човечки ресурси и организација во ЕВН Македонија, г-дин Фисник Осеку, ја формализираше донацијата со потпишување на договорот и учествуваше во официјалното предавање на опремата. Тој изјави: „Како компанија веруваме дека највредната инвестиција е инвестицијата во образованието. Таа создава можности, го поттикнува развојот и ја гради иднината на нашата заедница. Посебно сме горди што ја продолжуваме соработката со ова училиште и придонесуваме за подобри услови за учење и развој“.

ЕВН е пионер во воведувањето дуално образование во земјата, со првата дуална паралелка формирана во 2017 година. Во рамките на долгогодишната соработка, ЕВН Македонија изминатите години во СЕТУ „Михајло Пупин“ инвестираше во целосно реновиран и специјално опремен кабинет согласно корпоративните стандарди на ЕВН, каде учениците реализираат практична настава во услови кои одговараат на реална работна средина и специјализиран полигон за практична обука, изграден во дворот на училиштето, кој овозможува учениците да ги унапредат теренските вештини и практичните знаења.

Со проектот беа поставени нови стандарди во стручната едукација, поврзувајќи го средното образование со реалните можности за вработување.

Можеби ќе ве интересира

УЈП: Завршија активностите за регистрација и доброволна дерегистрацијa на даночните обврзници за целите на ДДВ

C +

Две нови авиолинии кон Италија: Од јули од Скопје ќе се лета кон Алгеро Сардинија и кон Палермо

C +

Златен медал од EcoVadis за EOS Групацијата – ЕОС Матрих Македонија лидер во примена на ESG стандардите во финансискиот сектор

ДЕСК