Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка:

Почитувани,

Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор.

Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери.

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот.

Исто како Груевски, тој купуваше очила од 60 илјади евра и луксузен мерцедес а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да се луксузира со авион.

Пола Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација- Будимпешта, кај нивниот шеф, Груевски.

За еден час, овде, пред Владата ќе започне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот.

Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата и да им одговори:

Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион?

Затоа ли се најавува купување на нов владин авион – за уште повеќе приватни патувања со народни пари?

Можеби ќе ве интересира

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК

ТРИ ИЛЈАДИ СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ – Рокот за пријавување истекува на 20 ноември

ДЕСК

ОБЈАВЕНИ НЕРАБОТНИТЕ ДЕНОВИ ЗА 2027 ГОДИНА – Пет продолжени викенди, два празника паѓаат во сабота, еве го целосниот список

ДЕСК