Centar.mk
СВЕТ

Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде што избувна пожар од големи размери.

Локалните жители пријавија повеќе од десетина експлозии, а руските медиуми тврдат дека воздушната одбрана соборила повеќе од 20 беспилотни летала, пишува Украинска правда.

Потврден напад врз рафинеријата

Оперативниот штаб на Краснодарскиот крај го потврди нападот утрово. „Пожар избувна во рафинеријата за нафта Илски како резултат на напад со беспилотни летала. Никој не е повреден.

Резервоар со нафтени производи е оштетен, а пожарот се проширил на површина од околу 700 квадратни метри“, се вели во соопштението. Во гаснењето на пожарот учествувале 72 пожарникари, 21 противпожарна кола и противпожарен воз.

Поради воздушна закана, аеродромите во Краснодар, Сочи и Геленџик ги прекинаа операциите најмалку четири часа. Предупредување за воздушен напад беше издадено и во Новоросијск и Славјанск во Кубан. Телеграм каналите поврзани со руските безбедносни служби објавија дека Краснодарската територија е нападната од беспилотни летала./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ПОПЛАВИЈА ГАЗА – Илјадници шатори оштетени, раселените семејства повторно без засолниште

ДЕСК

КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ПРОГЛАСИЈА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Повеќе од 3.300 мигранти пристигнале на мал остров

ДЕСК

НОВИ РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ САУДИСКА АРАБИЈА – Оштетена зграда на нафтениот гигант „Арамко“

ДЕСК