Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поради врнежи од снег воведена забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Поради врнежи од снег од 07:45 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Претходно АМСМ информираше дека во 5.45 часот изутрина воведена е забрана за камиони и автобуси на патот село Лисец-Попова Шапка.

По целосниот прекин на патот Кичево – Гостивар предизвикан од одрон во 5.40 часот изутрината, екипа од Македонија пат ја исчисти едната сообраќајна лента и сообраќајот од 06.50 часот се одвива наизменично./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК

ТРИ ИЛЈАДИ СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ – Рокот за пријавување истекува на 20 ноември

ДЕСК

ОБЈАВЕНИ НЕРАБОТНИТЕ ДЕНОВИ ЗА 2027 ГОДИНА – Пет продолжени викенди, два празника паѓаат во сабота, еве го целосниот список

ДЕСК