Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено утрово е во Берово -4 степени, на Попова Шапка се измерени -2, додека во Крива Паланка, Претор, Битола, Струмица, Mаврови Анови се измерени 0 Целзиусови степени. Над нулата е во Тетово, Прилеп, Штип, Kрушево каде се измерени еден степен, Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Виница по два, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци по 3 и Гевгелија пет Целзиусови степени, информира УХМР.

Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покрива изнесува 62 сантиметри.

За изминатите 24 часа до 07 часот во најмногу врнежи имало во Охрид и Претор каде се измерени 2 l/m2.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните делови (локално над 25 l/m²). Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ ЗА ВРЕМЕТО – Метеоролозите објавија четиридневна прогноза за времето

ДЕСК