Centar.mk
СВЕТ

Зеленски: Сакам конкретен датум за ЕУ

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повика секој мировен договор што би ставил крај на војната во Украина да содржи конкретен датум за пристапување кон ЕУ, објави ДПА.

Во објава на социјалната мрежа „Икс“ синоќа, Зеленски рече дека Киев ќе направи сè за да биде технички подготвен да се приклучи на ЕУ до 2027 година и дека земјата ќе ги постигне барем главните чекори кон членство.

„Сакам конкретен датум“, напиша украинскиот претседател, цитиран од БТА.

Зеленски предупреди дека доколку договорот што треба да го потпишат САД, Русија, Украина и Европа не вклучува конкретен датум за членство, Русија ќе работи на блокирање на процесот – индиректно, преку одредени европски претставници, наместо да дејствува независно.

Тој го опиша членството во ЕУ како безбедносна гаранција за Украина, нагласувајќи ја потребата од специфични детали и фиксен рок.

Зеленски се залагаше за пристапување во ЕУ во 2027 година кон крајот на јануари, и покрај скептицизмот меѓу европските земји. Тој во тоа време рече дека членството на Украина во ЕУ е една од клучните безбедносни гаранции „не само за нас, туку и за цела Европа“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Макрон: Единственото решение е Европа да стане независна сила

C +

САД и Иран покажуваат подготвеност за компромис

C +

Германија пред изборен предизвик: Можно е Меркел да се кандидира за претседателка, јавуваат медиумите

C +