Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека додека ВМРО-ДПМНЕ објавува лажни вести, во позадина под диригентство на премиерот Мицкоски се спроведува кражба и договор за мигранти.

„Она што е важно граѓаните да го знаат, додека се објавува лажна вест, во позадина се одвива кражба. Додека ние се занимаваме со лажни вести, измислени афери Жан, кули итн, притоа паралелно на тоа Мицкоски на средба во Давос преку посредничка компанија договара мигранти. Така тоа оди – кучињата си лаат, караванот си врви“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека она што секојдневно го прави ВМРО е дефокус преку лажни вести и медиумски напади кон него лично и кон СДСМ, со единствена цел да ги прикријат нивните криминали.

„Погледнете ги овие токсични, ужасни наслови, тие зборови, тие изрази. Можете ли да замислите како ние се чувствуваме? Дали ние некогаш сме изјавиле, рекле или напишале нешто вакво? Не, никогаш. Со ова се бориме секојдневно, невистини, лаги, навреди, хајки, линч. Во ова се вложени милиони евра. Ова е нивното разоткривање. Зошто власта го прави ова – за дефокус од вистинските, реални проблеми“, нагласи Филипче.

Тој додаде дека интензитетот на нападите кон него и кон СДСМ почна по договорот „мигранти за пари“ и разоткривањето на корупциските скандали на власта.

„Кога започна да се зголемува интензитетот на нападите врз мене и врз СДСМ? Кога откривме дека постои договор ‘мигранти за пари’, кога почнавме да објавуваме ‘бомби’ – 161 тендер за една фирма, 52 милиони евра преку општините, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра преку Пошта, сè за ортаците на Мицкоски. Кога кажавме дека недостига една милијарда евра, а сега, за жал, веќе недостигаат две милијарди, а јануари сè уште не е ни завршен“, потенцираше Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

ДЕСК