Centar.mk
РЕГИОН

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“

Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.

Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.

Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Девојка загина, тројца млади лица повредени во сообраќајна несреќа во близина на Алексинац

ДЕСК

Грција ослободува резерви: 2 милиони барели за стабилизација на пазарот

C +

Земјотрес ја погоди Грција: 4,6 степени

C +