Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ограбени две финансиски друштва во Скопје во рок од еден час

Во раните утрински часови на 17 јануари 2026 година, во Скопје се случиле две кражби во објекти на финансиски друштва, при што биле одземени сефови со пари.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првата кражба била пријавена во 04:44 часот во скопската општина Гази Баба, каде што насилно било влезено во објект на финансиско друштво и одземени биле пари од сеф

Само околу 40 минути подоцна, во 05:20 часот, слична пријава била поднесена и од општина Центар. И во овој случај, насилно било влезено во објект на финансиско друштво, од каде бил однесен сеф со пари.

Од СВР Скопје соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.

Засега нема информации за крадците, ниту за сумата што била одземена или евентуалната поврзаност на двата случаи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК