Centar.mk
СВЕТ

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија и нема да ја прифати понудата на Москва доброволно да го продолжи, објави „Њујорк тајмс“.

Рускиот претседател Владимир Путин во септември предложи двете земји доброволно да ги задржат ограничувањата за распоредено стратешко нуклеарно оружје според договорот „Нов СТАРТ“, кој истекува на 5 февруари.

„Ако истече, истекува. Едноставно ќе склучиме подобар договор“, рече Трамп во интервју за „Њујорк тајмс“. Тој додаде дека Кина треба да биде вклучена во секој иден договор за контрола на нуклеарно оружје.

Портпаролите на руската и кинеската амбасада во Вашингтон не одговорија веднаш на барањата за коментар./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОН усвои резолуција против Иран: Техеран се повикува веднаш да ги запре нападите

C +

Иранците вчера нападнаа тајландски брод, се појавија снимки

C +

Американците и Русите се сретнаа во Флорида, Виткоф: Разговаравме за различни теми

C +