Centar.mk
СВЕТ

Американците и Русите се сретнаа во Флорида, Виткоф: Разговаравме за различни теми

Делегацијата на Русија и САД се состанаа во среда во Флорида на првите разговори од почетокот на американско-израелската војна против Иран, а специјалниот американски претставник Стив Виткоф рече дека тимовите разговарале за „различни теми“ и се согласиле да останат во контакт.

„Тимовите разговараа за различни теми и одлучија да останат во контакт“, објави Виткоф на Икс по средбата со Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин.

Средбата се случи откако САД оваа недела сигнализираа олеснување на санкциите за руската нафта, воведени поради инвазијата на Москва во Украина во 2022 година, за да помогнат во ублажувањето на порастот на цените на енергијата предизвикани од војната на Блискиот Исток.

Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела, по телефонскиот разговор со Путин во понеделник, изјави дека рускиот претседател изразил желба да биде „корисен“ во решавањето на конфликтот на Блискиот Исток./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Прашањето е дали Нетанјаху сака да ја продолжи својата политичка кариера

C +

Во невреме во Холандија дрво уби возач на автомобил, градот ги искрши покривите на камперите, издадено жолто предупредување

C +

Дмитриев ги повика вонземјаните да го убедат Стармер да поднесе оставка

C +