Centar.mk
фото Фејсбук страница на Орце Ѓорѓиевски
ЛОКАЛНО

Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје

Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје. Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град.

Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Нека расте жива и здрава, среќна со своите родители, со успеси што ќе ја водат напред и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности. Нека расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи да сонува, да напредува и да верува. Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост. Нека секое новородено дете биде наша заедничка надеж и обврска, да градиме подобра иднина, посигурна држава и посилно општество. Тоа е нашата должност и наша најголема одговорност. Искрени честитки до мајката Емилија. Посакувам здравје, среќа и многу успеси. Добредојде, Евгенија. Ти си најубавиот почеток на новата година, напиша Ѓорѓивски.

фото Орце Ѓорѓиевски / фејсбук страница

Можеби ќе ве интересира

НА 29 МАЈ СО ПОСЕБНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Водовод Скопје апелира да се користат електронските сервиси

ДЕСК

Герасимовски: Првото возило бесплатно, третото е луксуз – воведуваме ред во паркирањето во Центар

ДЕСК

БЛИСКУ ДО НАРОДОТ ВО КИСЕЛА ВОДА: Граѓаните ги споделија проблемите, институциите најавија решенија

ДЕСК