Centar.mk
СВЕТ

Хорор на новогодишната прослава во Швајцарија: Десетици загинати во пожар и експлозии

Во елитниот швајцарски ски-центар Кран-Монтана, новогодишната прослава во еден бар завршила трагично, откако избувнал пожар и имало експлозии, при што загинале десетици лица.

Според соопштение на италијанското Министерство за надворешни работи, бројот на загинатите достигнува 40, а околу 100 лица се повредени.

Голем дел од повредените се со тешки изгореници, а швајцарските медиуми јавуваат дека болничките капацитети се преоптоварени.

Засега нема информации што би упатувале на терористички напад, но надлежните ја затвориле областа и вовеле забрана за летови.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА ЈА ПРОШИРУВА БЛОКАДАТА ПРОТИВ ИРАН – Нова воена единица ќе ги следи копнените патишта за снабдување

ДЕСК

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА – Над 20 повредени, нарушен железничкиот сообраќај

ДЕСК

КИНА ПОДГОТВУВА ИСТОРИСКА ВСЕЛЕНСКА МИСИЈА – Пакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската станица

ДЕСК