Centar.mk
БИЗНИС

Бугарија го воведе еврото

Бугарија го воведе еврото на полноќ, станувајќи 21-ва европска земја што ја користи единствената европска валута.

По дваесет години членство во Европската Унија, Бугарија го напушти левот, својата национална валута од крајот на 19 век, на полноќ по локално време.

Последната земја што ја усвои европската валута беше Хрватска на 1 јануари 2023 година.

Очекувања и стравувања

Софија се надева дека ова ќе ги зајакне економските врски со другите земји-членки, но бугарските граѓани стравуваат дека преминот кон новата валута би можел да доведе до нагло зголемување на цените во веќе нестабилен политички контекст.

Со влегувањето на Бугарија, земја со население од околу 6,4 милиони, бројот на Европејци што го користат еврото се зголемува на над 350 милиони, пренесуваат медиумите во регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ВАЖНА ОДЛУКА – Дизелот достигна 100 денари, возачите утре ќе дознаат дали следува нова промена на цените

ДЕСК

УШТЕ 20 ИНСТИТУЦИИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕЛЕКТРОНСКА АРХИВА – Најавено намалување на административните процедури

ДЕСК

ВОЛСТРИТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – Вредноста на технолошките акции се намали за илјадници милијарди долари

ДЕСК