Со речиси 900 врвни ресторани и 150 хотели со пет ѕвезди, титулата на најлуксузен град во светот ја понесе Париз, француската престолнина и симбол на гламурот, покажува истражување на „Дејли мејл“.
Истражувањето користело Индекс на луксуз, базиран на бројот на милионери и милијардери во однос на населението, како и на густината на луксузни ресторани, хотели, продавници и казина.
Париз убедливо води благодарение на својата гастрономска сцена, со над 830 врвни ресторани, повеќе од 140 хотели со пет ѕвезди и неколку казина.
На второ место е Мелбурн, а на третото Цирих, кој има најголем број милионери по глава на жител.
Следуваат Мајами и Милано, познат по модата и луксузниот животен стил.
Во топ 10 уште се најдоа Њујорк, Лос Анџелес, Сингапур, Сеул и Лондон.
Топ 10 најлуксузни градови во светот:
Париз
Мелбурн
Цирих
Мајами
Милано
Њујорк
Лос Анџелес
Сингапур
Сеул
Лондон
/Извор:Makfax


