Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во ГАК, од кои 35 милиони се за реновирање

Kога почнувавме со овој проект пред неколку месеци имаше луѓе коишто можеби не веруваат дека за така кратко време ќе се сработи сето ова и ќе се стави во функција онака како што денеска изгледа.

Исто така, и тогаш се поставуваа прашања дали функционалноста на самиот објект ќе продолжи и покрај реконструкцијата. Како што можеме да заклучиме дека не само што продолжи, туку оваа година имаме повеќе родени бебиња од претходната година, така што јас им честитам на вработените на Клиниката, истакна при посетата на објектот премиерот Христијан Мицкоски.

Нашата цел, како што додаде, е да јакнење на јавното здравство, граѓаните да добијат јавно здравство онакво какво што заслужуваат.

„Нашата политика е prolife политиката, односно да испратам уште една порака до младите да се одлучат да се реализираат како родители, да се раѓаат што е можно повеќе бебиња, затоа што денеска видовме една статистика, за којашто јас често пати зборувам во јавноста, од 2016-тата до 2024-тата имаме за 6.000 помалку родени бебиња. Ако е една училница од 20 ученици, тоа значи 300 празни училници имаме сега и ако една училница е долга 20 метра, имаме 6 километра празни училници. Отприлика вака изгледа изумирање на една нација. Ако на некого тоа не му е јасно јас би сакал преку бројки да кажам, колку и да бидам критикуван, ќе продолжам со ова што го кажувам затоа што мислам дека за бадијала ние правиме и училишта и градинки и игралишта и улици и булевари и автопати и се, ако нема кој тоа да го користи.

Затоа мојата порака до младите е љубовта кон татковината се манифестира со тоа што одлучуваме, се разбира тоа е лична одлука, но, одлучуваме да создадеме семејство и да се реализираме како родители“. /Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Непостоечки хигиеничари, лажни дневници, каде завршуваат парите од тендерот во Пошта вреден 1,2 милиони евра ?

ДЕСК

Групна тепачка во угостителски објект во Скопје – МВР со детали за предновогодишниот инцидент

ДЕСК

ГП Евзони (Богородица) и ГП Ники (Меџитлија) се пуштени за сообраќај

C +