Centar.mk
фото Влада
МАКЕДОНИЈА

ПРЕТРЕСИ, ПРИВЕДУВАЊА И АПСЕЊА ВО ВЕЛЕС, СТРУМИЦА, СКОПЈЕ, КИЧЕВО: Најмалку десет приведени на различни локации низ Македонија

На 25.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода маж(38) од с.Арнакија, скопско и момче(25) од Тетово затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случите ќе следуваат соодветни поднесоци.

СВР Велес поднесе кривична пријава против маж(41) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и семки од растението канабис.

На 25.12.2025 во 10:50 часот на ул.„Василие Николовски“ во Кичево, полициски службеници ов ОВР Кичево го лишија од слобода маж(28) од Кичево. Тој бил затекнат како продава пиротехнички средства и при извршен преглед во неговиот ранец биле пронајдени и одземени над 200 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е задржан во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против маж (22) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 25.08.2025 во двор на основно училиште во с.Банско, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Марихуана е пронајдена и кај уште едно лице, која му ја дал пријавениот.

СВР Велес поднесе кривична пријава против маж(58) од Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“. На 16.07.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 27 патрони калибар 16, барут со слаб експлозив, 15 иницијални каписли за патрони, машинка за затворање на патрони од ловечка пушка, ремен за патрони и 97 празни патрони за ловечка пушка.

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против лице(53) и лице(32), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „безобѕирно управување со моторно возило“. На 26.07.2025 на влез во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „рено“, управувано од првопријавениот, при што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, а потоа при извршена анализа на урина кај пријавените е констатирано присуство на метаболити од тетрахидроканабиниол.

На 25.12.2025 во 21:25 часот на ул.„Качанички пат“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода маж(32) од Косово, кој управувал патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, поради основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Тој е задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против лице(23) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 16.05.2025 во струмичко село, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, за која по извршени службени разговори е утврдено дека била наменета за продажба на други две лица кои биле затекнати со него во неговото возило.

На 25.12.2025 во 17:26 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје е пријавено дека околу 16:30 часот при извршен претрес во соба кај притворениците четири лица е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

C +

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

C +

Мрежата за заштита од дискриминација повика на избор на стручни и независни лица во Комисијата

C +