Centar.mk
СВЕТ

Пекинг санкционира 20 американски компании и 10 поединци за продажба на оружје на Тајван

Кина воведе санкции против 20 американски одбранбени компании и 10 поединци поради продажбата на оружје на Тајван, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Мерките вклучуваат замрзнување на нивниот имот во Кина и забрана за кинески организации и граѓани да соработуваат со нив, како и забрана за влез во земјата за санкционираните поединци.

Меѓу погодените компании се подружница на Boeing во Сент Луис, како и Northrop Grumman Systems Corporation и L3Harris Maritime Services. Санкциите следуваат откога Соединетите Американски Држави минатата недела објавија продажба на оружје на Тајван во вредност од 11,1 милијарда долари – најголемиот ваков пакет досега.

Кина оцени дека прашањето за Тајван е црвена линија во односите со САД и го повика Вашингтон да ги прекине, како што ги нарече, „опасните напори за наоружување на островот“. Пекинг го смета Тајван за дел од својата територија, а Тајпеј тврди дека има суверенитет./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Ако Иран го нападне Катар, ќе го дигнеме во воздух најголемото гасно поле

C +

Ормускиот теснец е толку опасен што речиси никој не сака да испрати воени бродови таму

C +

Пентагон бара повеќе од 200 милијарди долари за финансирање на војната со Иран

C +