Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со неговиот лик и име, во кои се промовираат различни производи.

„Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име или ќе ја видите мојата слика покрај некој производ, а во последно време и видеа, сè е тоа злоупотреба. Ако има интервју – тоа е измислено. Не купувајте го тоа ѓубре“, напиша Пановски.

Тој ги повика граѓаните да не купуваат, како што наведе, „лажни препарати“ и да не ги „богатат криминалците“, додавајќи дека државата досега не презела соодветни мерки за заштита од ваквите злоупотреби.

„Државата со прст не мрдна да не заштити. Злоупотребата продолжува“, вели Пановски.

Тој посебно предупреди дека е опасно прекинувањето на редовната терапија пропишана од лекари и нејзино заменување со вакви производи, особено кога станува збор за терапија за дијабетес.

„Ве молам, споделете го ова и секое видео со мојот лик пријавете го како лажно. Не купувајте, а ако сте купиле – фрлете го“, апелира Пановски во објавата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО ОХРИД – Во угостителски објект затекнати руски државјанки

ДЕСК

НЕДЕЛА СО СНЕГ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР – Температурите во Македонија ќе се движат од минус 3 до 6 степени

ДЕСК

СНЕГОТ СОЗДАДЕ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Забрани за камиони и отежнато движење на планинските превои

ДЕСК