Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска, во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања по вчерашната одлука на Собранието, со што Беким Сали ја презеде должноста од досегашниот министер Орхан Муртезани.

На средбата во рамките на примопредавањето беше направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда.

Орхан Муртезани му посака успешен мандат на својот наследник, а новиот министер за европски прашања, Беким Сали, ја нагласи својата определба за продолжување на реформските процеси и натамошно унапредување на европскиот пат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК