Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Со натоварени возила се обиделе да удрат полицајци, инцидент на патот Прилеп – Велес

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против четири лица на возраст од 18 до 25 години, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

На 25.11.2025 година, на патот Прилеп–Велес, на место познато како Дервен, пријавените се движеле со две патнички возила натоварени со огревно дрво. Тие не застанале на даден знак за запирање од шумски полицајци и со возилата се обиделе да удрат во нив, по што удриле и во службеното возило.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК