Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Со 2,21 промили алкохол во крвта и без регистарски таблички предизвикал сообраќајка – итно е пренесен во болница

На 21.12.2025 година во ОВР Радовиш било пријавено дека околу 21:30 часот во село Ораовица, радовишко, патничко возило опел корса без регистарски ознаки, управувано од 46 годишен жител на селото, удрило во паркирано патничко возило форд фокус со радовишки регистарски ознаки, сопственост на жител од истото село.

Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Здравствениот дом Радовиш. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а при преземање мерки било констатирано дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2,21 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК