Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нема пари од ИПАРД има смешни анкети од МВР

Соопштение на СДСМ:

По стариот рецепт на Груевски и Вучиќ, кога не и оди на ДПМНЕ и нивната криминална власт, објавуваат лажни анкети.

Денес, кога објавивме дека поради корупција ИПАРД 3 е блокиран од страна на ЕУ.

Кога објавуваме „бомби“ за криминалот и корупцијата на власта. Како примерите со 161 тендер од 5,3 милиони евра за една фирма, 9 милиони евра за друга фирма со двајца вработени, милионски тендери за фирма на студент на ДПМНЕ.

Кога менуваат обвинител само за да си го подготват теренот и да не одговараат за кражбите кои ги прават.

Денеска тие објавуваат лажна анкета.

Иста приказна – дефокус.

Туку што велат граѓаните за темата мигранти во таа ваша анкета?

Што велат земјоделците што нема пари за нив?

Испратете им ја оваа анкета на земјоделците, сигурни сме дека многу се заинтересирани.

По вашата copy-paste програма може да се сними хумористичка серија, македонска верзија на Монти Пајтон.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +