Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НОВ ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАЈЛОВА – Бугарски јутјубер објави дополнителни пораки, ДАНС ги отфрла обвинувањата

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави нова видеоснимка со пораки и делови од телефонски разговори за кои тврди дека се поврзани со Ива Михајлова и нејзината мајка. Според Цанов, по објавувањето на претходното видео за наводни притисоци од бугарската Државна агенција за национална безбедност, Михајлова побарала снимката да биде повлечена.

Во објавените материјали се изнесуваат тврдења за страв од последици и за можни притисоци поврзани со медиумските настапи на Михајлова. Сепак, автентичноста и целосниот контекст на разговорите не се независно утврдени.

Михајлова претходно јавно порача дека никој во Бугарија не ја принудувал на какво било постапување. И бугарската ДАНС ги отфрли обвинувањата, нагласувајќи дека нејзини службеници не вршеле притисок врз неа. Случајот предизвикува внимание и во Македонија, бидејќи против Михајлова се води судска постапка во Кочани поврзана со сообраќајна несреќа со смртни последици.

Можеби ќе ве интересира

МЕЧКА СЕ ШЕТАЛА НИЗ УЛИЦИТЕ НА ТЕАРЦЕ – Камера го снимила животното среде населено место

ДЕСК

Иванов: Предлог буџетот за 2027 година се темели на три принципи, економски раст, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните

ДЕСК

“1,13 милијарди евра за увоз на храна, а нивите пусти!”

ДЕСК