Соопштение на СДСМ:
Секоја конструкција креирана во кујните на ДПМНЕ, како оваа со Шилегов и обидите да се вмешаат и двајца наши членови (преку измислени иницијативи), е продолжение на нивната кампања за дефокусирање на јавноста од главната тема – „мигранти за пари“.
Секој ден излегуваат вести за старо/нови лица во СДСМ, истите излитени вести од фиоките на Никола Груевски и Латас.
На кого сѐ уште не му е јасно?
Новата сила во СДСМ секојдневно се гледа преку акциите на нашиот АКТ – Антикорупциски тим. Нашите напори за запирање на процесот на прифаќање мигранти за пари (кои би завршиле во џебовите на членови на ДПМНЕ), како и нашата борба за зачувување на демократското општество и слободата на говор во Македонија, се јасни и недвосмислени.
Наша задача е да ја вратиме власта во рацете на народот и, како што рече претседателот на СДСМ: „Кој сака – нека се приклучи, кој не сака или не може – нека се тргне“. Ние ќе ја одбраниме Македонија.
Затоа ги повикуваме сите граѓани да ни помогнат во оваа одбрана.
Она што можат да го направат сега е, како што многумина веќе се вклучија во разоткривањето на коруптивни и криминални дејствија, да доставуваат материјали што докажуваат корупциски афери на ДМНЕ низ цела Македонија, преку нашата дигитална платформа Micko.mk, нашиот истражувачки центар.
Досега се собрани повеќе од 200 различни предмети поврзани со коруптивни дејствија.
Овие млади луѓе, кои го водат Антикорупцискиот тим, работат деноноќно во оваа борба. Нивната енергија и желба за промени придонесоа СДСМ да стане најсилната сила во борбата против корумпираната власт, обидите за воведување диктатура и загрозувањето на безбедноста на граѓаните на Македонија.
Борбата одамна започна и нема да запре до целосно ослободување!
Секој што се огрешил од законот, а со тоа и од граѓаните на Македонија, ќе одговара!


