Centar.mk
фото Министерство за финансии
-БИЗНИС

Средба Димитриеска-Кочоска-Винички: Поддршката за буџетските процеси од Трезорот на САД е клучна за реформите во управувањето со јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари работен состанок со Џејсон Винички, заменик-директор за буџет и финансиска одговорност во Канцеларијата за техничка помош-ОТА на Министерството за финансии на САД.

На состанокот се разговараше за унапредување на буџетските процеси во рамки на Реформската агенда и имплементацијата на Законот за буџети, при што беше нагласено дека поддршката од Канцеларијата за техничка помош (ОТА) при Трезорот на САД има клучна улога во повеќе сегменти на планирањето и извршувањето на Буџетот, како и во унапредувањето на буџетското сметководство.

Министерството за финансии, со поддршка од Трезорот на САД и Канцеларијата за техничка помош – OTA, континуирано работи на зајакнување на институционалните капацитети и изградба на модерен и силен систем на јавни финансии.

Во рамки на соработката, системот за буџетско планирање Министерството за финансии, неговата структура, класификации и процеси – првично e развиен со техничка помош од САД и претставува цврста основа врз која денес се гради современо управување со јавните финансии.

Преку оваа техничка соработка досега се подготвени нацрт-верзии на сите клучни буџетски класификации: економска, функционална, програмска, организациска, како и класификацијата според извори на финансирање.

фото Министерство за финансии

Можеби ќе ве интересира

Ќе продолжи ли проектот “Мој ДДВ”? На секои три месеци државата троши по 14,5 милиони евра

ДЕСК

УЈП со важно соопштение до граѓаните и фирмите: Ако сте имале промет од 2. милиони денари треба да се регистрирате како ДДВ обврзник

ДЕСК

СДСМ: Прашање за вицепремиерот Стоилковиќ и премиерот Мицкоски

ДЕСК