Во руските напади во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса беше убиена жена синоќа, а градски округ претрпе прекини во електричната енергија и другите комунални услуги, соопштија официјални лица.
Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер, пишувајќи на Телеграм, рече дека руски дрон уби жена која преминувала мост во нејзиниот автомобил југозападно од Одеса. Нејзините три деца се повредени во инцидентот.
Кипер апелираше до жителите на регионот кои претрпеле продолжени прекини на електричната енергија да покажат трпение и да престанат да блокираат патишта во знак на протест, велејќи дека службите за итни случаи работат деноноќно за да го вратат снабдувањето со електрична енергија.
Во Одеса, шефот на градската воена администрација, Серхиј Лисак, рече дека рускиот напад ја погодил инфраструктурата и предизвикал прекини во електричната енергија, водата и греењето во „густо населен округ“.
Едно лице е повредено, а службите за итни случаи работат на враќање на нормалното снабдување. Украинските гранични власти соопштија дека руските напади го запреле сообраќајот по должината на рутата што ја поврзува Одеса со пристаништето Рени на реката Дунав./Извор:Makfax


