Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Претседателот Костадиновски оствари средба со амбасадорката на НР Кина, Џијанг Сјаојан

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со новоназначената амбасадорка на НР Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џианг Сјаојен.

На средбата, претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд, како и со улогата и надлежностите на Судот како столб на демократијата и гарант на уставните права и слободи. Тој ги претстави своите заложби за обезбедување на поголема независност и самостојност на институцијата, како и за зголемување на транспарентноста во работењето, вклучително преку снимање на седниците во живо.

Двете страни ја нагласија важноста од продлабочување на билатералната соработка преку размена на искуства и дијалог меѓу уставните судови, како начин за зајакнување на институционалните врски и унапредување на меѓународните стандарди во уставно-правната област.

Амбасадорката Сјаојен ја презентираше иницијативата за приклучување на Република Северна Македонија во Меѓународната организација за медијација (IOMed), истакнувајќи го значењето на меѓународната соработка и промовирањето на принципите на владеење на правото.

Со оваа средба, двете страни ја потврдија посветеноста кон јакнење на билатералните односи, продлабочување на меѓусебните врски и зајакнување на уставно-правната соработка.

фото Уставен суд

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК

Пукање во Струга: Испукани куршуми кон стан од возило во движење

ДЕСК

Инцидент во Аеродром: Жена приведена поради агресија кон полицијата

ДЕСК