Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Пожар сред Гостивар: Товарно возило во пламен на „Илинденска“

На 16.12.2025 година во 12:06 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Гостивар настанал пожар во товарно возило од марката „Ман“, со тетовски регистерски таблици.

Возилото било управувано од 38-годишен жител на Тетово. Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил целосно изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Гостивар.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.