Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ со осуда за синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“ и секој обид со сила да се загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници. Ваквите инциденти се неприфатливи и претставуваат закана за основните демократски вредности кои треба да се заштитуваат и промовираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Слободата на медиумите, правото на информирање и независната новинарска работа се темелни принципи за кои како партија отсекогаш сме се залагале. Без оглед на разликите во ставовите или уредувачките политики, секој медиум мора да работи во средина која гарантира безбедност, достоинство и почитување.

Ја поздравуваме брзата и професионална интервенција на полицијата и очекуваме сите надлежни институции целосно и доследно да ја истераат постапката.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде посветена на заштитата на слободата на изразување и создавањето амбиент во кој јавната дебата може да се одвива без страв и притисок“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +