Centar.mk
СВЕТ

Маск: Да знаев што ќе се случи, немаше да работам во Одделот за владина ефикасност

Мега-милијардерот Илон Маск во едно интервју ја оцени својата работа на чело на Одделот за владина ефикасност (DOGE) како „само донекаде успешна“ и рече дека нема да го повтори тоа искуство.

Извршниот директор на Tesla и SpaceX и сопственик на социјалната мрежа X продолжи јавно да ја брани контроверзната привремена агенција на американскиот претседател Доналд Трамп, која ја напушти напролет, пред нејзиното официјално затворање минатиот месец.

„Не мислам дека би го направил тоа повторно“

„Бевме малку успешни. Бевме донекаде успешни“, ѝ рече Маск на својата асистентка и конзервативна инфлуенсерка Кејти Милер, која некогаш била портпарол на DOGE. Кога го прашале дали би го направил сето тоа повторно, Маск одговорил: „Не мислам така… Наместо да работам во DOGE, во основа би градел… работејќи на свои компании“.

Маск се жалел на тешкотиите од брзото реструктуирање на федералната влада и признал колку неговиот бизнис и популарност страдале поради неговата вмешаност во DOGE. Речиси меланхолично, тој додаде: „Не би палеле автомобили“, алудирајќи на протестите на потрошувачите против Тесла.

Маск беше гостин во „Подкастот на Кејти Милер“, кој таа го започна откако ја напушти владината служба за да работи за него во приватниот сектор. Милер е во брак со главниот советник на Трамп, Стивен Милер.

Во разговор што траеше повеќе од 50 минути, тие допреа до голем број теми, од DOGE до размислувањата на Маск за вештачката интелигенција, социјалните медиуми, теориите на заговор и модата.

За време на интервјуто, Милер не постави прашања за внатрешното работење на DOGE и контроверзиите околу преземањето на федералните агенции и нивните системи за податоци./Извор:Makfax

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Трамп објави фотографија на која пишува дека е претседател на Венецуела

C +

Генералниот секретар на ОН: Шокиран сум од насилството и прекумерната употреба на сила од страна на иранските власти

C +

Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“

C +