Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Ако не се спречи, Македонија станува мигрантски камп и црна точка на Европа

Венко Филипче, претседателот на СДСМ денеска на прес конференција го повика граѓанското општество, невладиниот сектор и релевантните политички партии на широка дискусија со цел да се договорат и да ги искористат сите демократски механизми со цел да се спаси државата од тоа да се претвори во мигрантски камп и црна точка во Европа.

„Да ги искористиме сите демократски механизми за да ја спасиме државата од предавниците ВМРО-ДПМНЕ. На сите им е јасно дека ако влеземе во тој модел, Македонија може да запре. А сега гледаме дека сериозно веќе успоривме. Тоа може да го загрози и онака разнишаниот систем и да доведе до ситуација во којашто нема да има пари ниту за ниту за пензии. И ова е само дел од она што може да се случи. Македонија не смее да го чека ова сценарио со скрстени раце. Македонија мора да се одбрани! Нема да дозволиме Македонија да стане црна точка во Европа“, потенцираше Филипче.

Филипче напливот мигранти и нивно вработување ги спореди со српската криза на можни финансиски санкции, со недостиг од нафтени деривати и гас, што може да предизвика целосен економски колапс.

„Сега е време сите, како еден, да застанеме во служба на нашата татковина! Друга немаме. Да ја преземеме во свои раце судбината на Македонија! Да се вратиме на единствениот исправен пат, патот на слободна, успешна, просперитетна, европска Македонија. Време веќе нема! Не смееме да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да ја доведе во прашање безбедноста на нашите граѓани, на нашите повозрасни сограѓани, на нашите деца!“, рече Филипче.

На прес конференцијата тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ, поради свои лични интереси, ја издаде Македонија повикувајќи на итна реакција пред како што рече, да биде предоцна. На крај најави објава на следните чекори кои ќе ги преземе партијата со цел да се избегне приемот на мигранти во државата.

Можеби ќе ве интересира

Ротари клуб Скопје Интернационал: Уметноста безбеден простор за менталното здравје кај младите

ДЕСК

Слушнал повеќе истрели од огнено оружје, па излегол да провери што е работата – полицијата пронајде 19 чаури

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска од Истамбулскиот економски Самит: Глобалните промени не се закана, туку можност за развој

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.