Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Судир меѓу полициско и цивилно возило, има повредени

На 07 декември 2025 година во 09:40 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „7 Ноември“ и „Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило марка „пежо“ со охридски регистарски ознаки и патничко возило „шкода јети“ кое е во сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Возилото „пежо“ било управувано од 44-годишна жена од селото Лескоец, охридско, додека возилото „шкода јети“ било управувано од 26-годишен полициски службеник.

Во сообраќајната незгода со телесни повреди се здобила возачката на возилото „пежо“, а повредите ѝ биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +