Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Драматичен судир на патот Кавадарци–Неготино, возач тешко повреден

На 07 декември 2025 година во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 10:50 часот, на регионалниот пат Кавадарци–Неготино, во близина на селото Марена, патничко возило марка „гели“ со скопски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот.

Возилото било управувано од 46-годишен маж од Струмица, кој во сообраќајната незгода се здобил со тешки телесни повреди. Повредите му биле констатирани во Општата болница во Кавадарци.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа на ОВР Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК