Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитки по повод 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски.

„Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ. Неговото наследство е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и претставува симбол на знаењето и напредокот.

Овој ден нè потсетува дека вложувањето во образованието, културата и знаењето е најсилниот темел врз кој се гради стабилна, праведна и демократска држава. Во тие вредности препознаваме заедничка цел – силно, обединето и перспективно општество за сите граѓани.

Нека празникот биде поттик за уште поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување“, пишува во честитката./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК