Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Лишени од слобода три лица од кривопаланечко, попречувале полициски службеници и вработени во АХВ при извршување службени дејствија

На 02.12.2025 околу 16:00 часот во село Трново, кривопаланечко, кај место викано „Самоков“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода Г.Ѓ.(57), А.Ѓ.(30) и А.Ѓ.(22), сите од с.Жидилово, кривопаланечко. Имено, тројцата агресивно се однесувале и попречувале полициски службеници при вршење службени дејствија кои давале асистенција на вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Исто така, тие ги попречувале вработените во АХВ кои биле ангажирани за собирање на крупен добиток, а упатувале и закани кон неколку соселани. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +