Centar.mk
СВЕТ

Ограбена куќата на поранешниот претседател на Франција: полицијата реагира веднаш

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд беше жртва на провала, откако крадци провалија во куќата во Париз каде што живеат Оланд и неговата партнерка Жили Гаје на 22 ноември, изјави канцеларијата на парискиот обвинител за „Фигаро“.

Провалата ја потврдија и луѓе блиски до претставникот на Социјалистичката партија од Корез, додава парискиот дневен весник.

Благодарение на брзата интервенција на полицијата, две лица беа уапсени, обвинети и притворени веќе на 28 ноември, пренесува „Фигаро“, но не е наведено што крадците украле од куќата на поранешниот француски претседател.

Осомничените се двајца мажи родени во декември 1994 и февруари 1995 година во Алжир, според весникот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп објави фотографија како држи автоматска пушка и му порача на Иран да се вразуми

C +

ОН: Сообраќајот низ Ормускиот теснец е речиси запрен

C +

Кој воопшто носи одлуки во Иран?

C +