Centar.mk
СВЕТ

Белата куќа е многу оптимистична во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината портпаролка, додавајќи дека специјалниот американски пратеник Стив Виткоф е на пат кон Москва.

„Мислам дека администрацијата е многу оптимистична“, изјави Каролин Ливит, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп и неговиот тим „работеа многу напорно на ова прашање и искрено сакаат да видат како оваа војна завршува“.

„Тие имаа многу продуктивни разговори со Украинците вчера во Флорида, а сега специјалниот пратеник Виткоф е на пат кон Русија“, изјави портпаролката.

Кремљ објави дека Виткоф, кој веќе неколку пати бил во руската престолнина оваа година, ќе се сретне со Владимир Путин.

Патувањето на претставникот на Трамп доаѓа во услови на зголемен притисок врз Киев да го прифати американскиот план за завршување на војната, според агенцијата Франс Прес.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот француски колега Емануел Макрон се сретнаа со претставникот на Трамп и украинскиот преговарач Рустем Умеров во Париз, по американско-украинските разговори во Флорида во неделата.

Двете страни ги опишаа разговорите како „продуктивни“, но американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека „сè уште има работа што треба да се направи“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК