Centar.mk
СВЕТ

Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната служба на градот. Најмалку 123 лица се повредени во трагедијата, јавува Си-ен-ен.

Осум пожарникари кои учествувале во гаснењето на пожарот се меѓу повредените. Официјалните лица изјавија дека 51 лице починало на местото на настанот, додека четворица други им подлегнале на повредите во болница.

Противпожарната служба сè уште не објавила нови информации за бројот на лица кои сè уште се водат како исчезнати. Според претходните податоци од официјалните лица, по избувнувањето на пожарот се барале 279 лица./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пак загинати во израелски напади во Газа

ДЕСК

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

ДЕСК

Гутереш: Крајно време е жена да ги предводи Обединетите нации

ДЕСК