Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Општина Центар останува отворена за најмладите, учиме како се гради современа заедница.

Во Општина Центар се одржа едукативна посета на ученици од повеќе основни училишта, во рамки на наставната програма посветена на локалната самоуправа и нејзиното функционирање.

Градоначалникот Горан Герасимовски на учениците им ја претстави работата на општинските служби, процесите на носење одлуки и начинот на кој локалната самоуправа ги реализира проектите што го подобруваат секојдневието на граѓаните. Децата активно учествуваа, поставувајќи бројни прашања поврзани со урбанизмот, комуналните услуги и плановите на општината.

Особено ми е драго кога најмладите покажуваат интерес за тоа како функционира нашата општина. Нивната љубопитност и желба за знаење се доказ дека градиме одговорни и свесни идни генерации. Општина Центар секогаш ќе остане отворена за вакви едукативни средби,“ истакна градоначалникот Герасимовски.

Во рамките на посетата беше реализирана и креативна работилница во соработка со младински и еколошки организации, со која учениците преку цртеж и игра учеа за важноста на заштитата на животната средина и одржливиот развој.

Општина Центар продолжува да инвестира во младите преку едукативни програми, проекти и активности што ја поттикнуваат нивната вклученост во заедницата и градењето на подобра иднина.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Дневен хороскоп за 13-ти јануари – Судбоносен ден за три хороскопски знаци: Проверете дали сте меѓу нив

ДЕСК