Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Со 2,09 промили возел низ Делчево – полицијата реагирала веднаш!

На 25.11.2025 во 08:50 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево привеле 38-годишен жител на градот.

На булевар „Македонија“ било запрено патничко возило „поло“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од него, а по извршена контрола било утврдено дека возел под дејство на алкохол — измерени 2,09 промили во крвта.

Лицето е исклучено од сообраќај и по целосно документирање ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

До крајот на работната недела сонце, а потоа промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Агресивно се однесувал кон полицајци – веднаш е приведен

ДЕСК

Отишол во полиција и побарал да му извадат уште една возачка дозвола – еве што му се случило потоа

ДЕСК