Centar.mk
фото Левица
МАКЕДОНИЈА

Мојсоска: Новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски

По одлуките на Советот на јавни обвинители после именувањето на новиот државен јавен обвинител, преку социјалните мрежи, реагираше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска која одлуките ги оцени како системско политичко влијание врз обвинителството. Таа своите обвинувања ги темели на неколку спорни чекори.

„Ја елиминираа обвинителката на ОЈО ГОКК која единствено ги гонеше корумпираните началници и полицајци кои не постапија за трагичната ноќ“, вели Мојсоска дополнувајќи дека Советот ја отфрлил претставката на Ленче Ристоска против Мицкоски и застанал во одбрана на премиерот.

Во однос на кадровските решенија Мојсоска го проблематизира предлогот на државниот обвинител: „Државниот обвинител Савески за нов шеф на Вишото ЈО ја предложи обвинителката Јасмина Костеска Здравеска, за која се слушаше како Мијалков и Јанкуловска го договараат нејзиниот избор. Здравеска е сопруга на вмровскиот кадар Вецко Здравески кој беше дел од Комисијата за лустрација и осомничен во случајот ’Моќник’ со Антонио Милошоски. Минатата година токму власта на Мицкоски го избра Вецко Здравески за член на Комисијата за заштита од дискриминација“.

Во својата реакција Мојсоска го споменува и случајот со вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, „кој се откажа од гонење во случајот против Латас и кој го укина куќниот притвор на функционерот од ДУИ Беким Незири за упадот во М-НАВ“.

Таа ја критикува и одлуката за избор на заменик и укажува дека Савески за свој заменик ја назначил Анита Топалова Исајловска која, како што вели, барала да падне случајот „Талир” за незаконското финансирање на ВМРО.

На крајот Мојсоска заклучува: „Секоја чест, новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски“.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +