Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Откриено несовесно работење – кривична пријава против локален функционер!

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 51-годишен жител на селото Србица, поради сомнение за кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик. Лицето, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања согласно Законот за локална самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.

Од 2016 година, тој склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево, а по истекот на една година не извршил надзор и не ги прекинал договорите на вработените, дозволувајќи тие да продолжат со работа без задолжителен сертификат за квалификација издаден од надлежен државен орган.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК