Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Излета товарно возило – загина жена, 7 лица повредени

На 19.11.2025 околу 04:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Дојран, товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од С.М.(52) од Србија, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди, на местото починало женско лице-мигрант од Кина, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција.

Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката. Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, изврши екипа од ОВР Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

Платил 2.000 евра за да му биде издадена возачка на сопругата, но никогаш не ја добил – кривична пријава за измама

ДЕСК

Ужас на паркинг во трговски центар: Неколкумина нападнаа 18-годишно момче

ДЕСК

Премиерот Христијан Мицкоски најави прес конференција за во 13 часот и 30 минути

ДЕСК